Организација на жените на општина Свети НиколеОрганизација на жените на општина Свети НиколеОрганизација на жените на општина Свети Николе
+389 32 444 620
Свети Николе, Македонија

Меѓународен ден за елиминација на насилството врз жените

16 дена активизам против родово базирано насилство е годишна меѓународна кампања која започнува на 25 ноември – Меѓународен ден за елиминација на насилството врз жените и трае до 10 декември – Ден на човековите права. Целта на оваа меѓународна кампања е да се превенира и елиминира насилството врз жените и девојчињата, да се охрабрат отворено да зборуваат, да реагираат и да не молчат, да не трпат насилство.

Во Република Македонија во период од јануари до септември 2022 година, во статистиката на МВР, има регистрирано вкупно 863 жртви на семејно насилство од кои 669 се жени. Во Свети Николе во последните неколку години бројките на жртви покажуваат тренд на зголемување, но тоа всушност се должи на поголемата свесност кај жените и девојките за пријавување и реагирање на различните форми насилство. Во 2018 година бројот на пријави од жртви биле 26, во 2019 година имало 35 пријави, додека пак во 2020 имало 55 пријави од жртви на семејно и родово-базирано насилство. Во 2020 година, општина Свети Николе, усвои документ наменет за поддршка на жртви на семејно/родово базирано насилство „Правилник за користење на еднократна парична помош за жртви на семејно насилство“, каде секоја жртва на насилство може да поднесе барање и да добие финансиска поддршка од општината.

Годинешнава кампања „16 дена активизам“ е на тема „ОБЕДИНЕТЕ СЕ! Активизам за ставање крај на насилството врз жените и девојчињата“ и ги повикува сите релевантни чинители, да ја одиграат својата улога и да придонесат во заштитата на насилството врз жените и девојките.

Зошто мора да го елиминираме насилството врз жените?

Насилството врз жените и девојчињата е едно од најраспространетите, постојаните и најпогубните прекршувања на човековите права во нашиот свет денес. Во голема мера, истото, не се пријавува поради неказнивоста, системските проблеми, премолчувањето, стигмата и срамот, како и традиционалните норми, што владеат во опкружувањето.

Општо земено, тоа се манифестира во физички, сексуални, економски и психолошки форми, опфаќајќи:

– насилство од интимен партнер (тепање, психичко малтретирање, брачно силување, фемицид);

– сексуално насилство и вознемирување (силување, принудни сексуални дејствија, несакани сексуални достигнувања, сексуална злоупотреба на деца, принуден брак, улично вознемирување, следење, сајбер-малтретирање);

– трговија со луѓе (ропство, сексуална експлоатација);

– економска зависност;

– осакатување на женските гениталии;

– детски бракови.

Постојат сервиси каде што можете да побарате помош и поддршка, државни институции, но и граѓански организации. Запомнете дека никој не треба да трпи насилство, да ве натераат да се чувствувате инфериорни во односот на нив, вашиот партнер или член од семејството, да живеете во секојдневна болка, агонија и повреда на вашето достоинство и права.

Не молчете!

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен