Младинска размена ReCycle of Life“ – Карловац 2026

ОЖОСВН како активен партнер на Carpe Diem од Хрватска беше дел од меѓународниот младински проект „ReCycle of Life“, во кој, покрај нашата организација учествуваа и организации од Турција, Молдавија, Грција, Хрватска и Словенија. Проектот беше насочен кон подигнување на свеста за рециклирање, одржлив развој и примена на принципите на циркуларната економија кај младите.

Во рамки на проектните активности, на 13 и 14 јануари се одржа подготвителна средба на која учествуваа младински лидер и една учесничка од ОЖОСВН. Целта на оваа средба беше заедничка подготовка, планирање и креирање на едукативни и интерактивни сесии за претстојната младинска размена. Преку соработка со партнерските организации, учесниците имаа можност да придонесат во дизајнирањето на програмата која се реализираше како следна- главна активност.

Главната активност – младинската размена – се одржа во периодот од 9 до 14 март 2026 година во градот Карловац. На оваа размена учество земаа млади волонтери, ученици од СОУ „Кочо Рацин“ од Свети Николе, кои активно се вклучија во различни работилници, дискусии и практични активности посветени на темите рециклирање и циркуларна економија.

Преку неформални методи на учење, тимска работа и креативен пристап, учесниците стекнаа нови знаења и вештини за одговорно управување со отпадот и повторна употреба на материјали. Особено значаен дел од активностите беше практичната работа, каде младите изработуваа креативни и функционални предмети од употребени и рециклирани материјали. Овие производи беа изложени на завршна изложба во Карловац, со цел да се промовира важноста на рециклирањето и да се поттикне еколошката свест кај пошироката локална заедница.

По завршувањето на размената, на 31 март 2026 година, тимот од ОЖОСВН организираше дисеминациски настан во своето училиште во Свети Николе. На овој настан, учесниците ги споделија своите искуства, научени лекции и стекнати знаења со своите соученици и наставници, со што придонесоа кон ширење на позитивните практики и вредности поврзани со заштитата на животната средина.

Со учеството во проектот „ReCycle of Life“, ОЖОСВН уште еднаш ја потврди својата посветеност кон едукација на младите, развивање на еколошка свест и активно вклучување во меѓународни иницијативи кои придонесуваат за одржлива иднина.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен