Организација на жените на општина Свети НиколеОрганизација на жените на општина Свети НиколеОрганизација на жените на општина Свети Николе
+389 32 444 620
Свети Николе, Македонија

Родово одговорни локални политики во општина Пробиштип

  • Почетна
  • ОЖО
  • Родово одговорни локални политики во општина Пробиштип

Со цел да се придонесе кон градење на интегративни родово сензитивни локални програми на општина Пробиштип, во наредните неколку месеци, ОЖОСВН ќе реализира низа активности.

Со цел воспоставување соработка, подобра комуникација и координација со општина Пробиштип, на 10 мај 2022 година, се оддржа состанок со проектниот тим и координаторката за еднакви можности на општина Пробиштип, како и со претседателката на Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените при советот на општината. На средбата, присуствуваше и проектната менаџерка од носителот на проектот – Центар за истражување и креирање политики.

На состанокот беше презентиран главниот проект, како и регрантираниот проект и активностите во склоп на истиот, кои треба да ги реализира ОЖОСВН во општина Пробиштип.

Состанокот беше продуктивен, а присутните изразија особен интерес за соработка и унапредување на локалните политики од родов аспект.

 

Проектот „Родова перспектива на потребите, политиките и буџетот на општина Пробиштип“ е регрантиран од Центар за истражување и креирање политики-Скопје, а финансиски поддржан од ЕУ преку програмата Support to Civil Society Networks and Platforms in the Republic of North Macedonia.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен