Организација на жените на општина Свети НиколеОрганизација на жените на општина Свети НиколеОрганизација на жените на општина Свети Николе
+389 32 444 620
Свети Николе, Македонија

Промоција на канцеларијата за бесплатна правна помош и психо-социјална поддршка

  • Почетна
  • Новости
  • Промоција на канцеларијата за бесплатна правна помош и психо-социјална поддршка

На 22 октомври 2021 година се одржа промоција на канцеларијата за бесплатна правна помош (БПП) и психо-социјална поддршка (ПСП) при Организација на жените на Општина Свети Николе.

На промо-штанд поставен во центарот на Свети Николе, активистки, заедно со претставнички од Извршната канцеларија на Организација на жените на Општина Свети Николе делеа флаери и промотивен материјал (торби и огледалца) и даваа информации на граѓаните и граѓанките, во однос на нивно запознавање со постоењето на канцеларијата и услугите кои таа ги нуди. Посетителите, исто така, имаа можност и директно да разговараат со професионалниот тим и да добијат совети за тоа како да ги искористат услугите на канцеларијата за БПП и ПСП.

Промоцијата е концепт на ангажирана маркетинг агенција (Division) од Скопје, од страна на носителите на проектот „Пристап до правда за маргинализираните заедници“ – Коалиција „МАРГИНИ“ од Скопје и Фондацијата Kvinna Till Kvinna од Стокхолм, Шведска, а е дел од проектот „НЕ СИ САМ/А – Канцеларија за бесплатна правна помош и психо-социјална поддршка“ регрантиран од Коалиција „МАРГИНИ“ и Фондација Kvinna till Kvinna, а финансиран од Европската Унија.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен