Организација на жените на општина Свети НиколеОрганизација на жените на општина Свети НиколеОрганизација на жените на општина Свети Николе
+389 32 444 620
Свети Николе, Македонија

Работилница на тема „Функции и болести на црниот дроб“

„Функции и болести на црниот дроб“ беше темата на работилницата одржана на 11.08.2021 година со почеток од 19:00 часот, во отворениот амфитеатар при ООУ „Кирил и Методиј“ во Свети Николе.

Присутните имаа можност да осознаат која е правилната функција на црниот дроб, кои се симптомите на замастен црн дроб и каква исхрана е потребна во тој случај. Се говореше и за другите болести кои можат да настанат, покрај замастувањето, како и за причините кои можат да доведат до компликации.

Работилницата беше предводена од Гордана Митева – специјалист-доктор по семејна медицина.

 

 

Оваа активност е дел од проектот „Заедно во борба против ракот на дојка – 2“  финансиски поддржан од општина Свети Николе.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен