Организација на жените на општина Свети Николе
АНГАЖИРА
ФИНАНСИСКИ АСИСТЕНТ (1 лице)
Организација на жените на општина Свети Николе објавува повик за хонорарно ангажирање на 1 лице во рамки на проектот „Вклучени млади, силни заедници“, финансиски поддржан од Коалиција на младински организации СЕГА.
Проектот има за цел да придонесе кон креирање на овозможувачка околина за активно вклучување на младите во локалната заедница, или поспецифично да се воспостават услови за имплементација на Законот за младинско учество и младински политики во општина Свети Николе.
За потребите на овој проект, Организација на жените на општина Свети Николе има потреба од:
Финансиски асистент (1 лице)
Предвидени задачи (опис на позицијата):
– Во соработка со проектниот/та координатор/ка ќе управува со распределба на ресурсите и буџетот;
– Мониторинг на реализација на проектниот буџет во согласност со проектниот план и Договор;
– Секаков вид на плаќања и финансиски обврски за потребите на проектот;
– Доставување на проценка на предвиден трошок за следни активности за договорените активности пред реализирање на секоја транша на барање на донаторот;
– Подготовка на сите финансиски извештаи и целосна финансиска документација
– Одговорен за стабилно финансиско управување и транспарентност на изворите и расходите за финансирање и комуникација и координација со книговодителот;
– Да доставува банкарски и благајнички извештај со копии на документи за поддршка до донаторот на проектот на негово барања;
– Обезбедува усогласеност на трошењата со внатрешните политики и процедури;
– Соработка со проектниот тим и извршната канцеларија;
– Заедно со другите членови на проектниот тим ќе биде вклучен во спроведувањето на активностите;
– Други релевантни активности кои произлегуваат од реализирањето на проектот, а се однесуваат на финансиите.
Временски период:
Времетраењето на целиот ангажман е 5 месеци, почнувајќи од 1 февруари 2023 година заклучно со 30 јуни 2023 година.
Потребни квалификации:
– Искуство со раководење финансии и администрација на проекти;
– Искуство со користење на Excel;
– Завршено високо образование;
– Релевантно работно искуство со граѓански организации;
– Работно искуство кое вклучува спроведување на проекти, познавање на младински политики, соработка со локални чинители;
– За предност ќе се смета познавање на работата на ОЖОСВН.
Технички вештини:
– Одлично познавање на работа со Microsoft Office (посебно Excel & Word);
– Познавање и искуство со пишување на финансиски извештаи (предност)
Знаења и други вештини:
– Познавање на процедури за работење на проекти финансирани од меѓународни донатори;
– Познавање со канцелариско и административно работење;
– Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
– Проактивност и професионалност;
– Способност за тимска работа.
Како да се пријавите?
За да се пријавите, Ве молиме да доставите:
– кратка биографија (CV)
– Мотивациско писмо за вашиот интерес и квалификации за конкретната позиција (не повеќе од 150 зборови).
Пријавата треба да ја пратите по електронска пошта на womsvetinikole@yahoo.com, со предмет на пораката: ОГЛАС ЗА АНГАЖМАН – ФИНАНСИСКИ АСИСТЕНТ.
Рокот за пријавување е заклучно 31 јануари, 2023 година. Само кандидатите кои ќе ја поминат првата фаза ќе бидат контактирани и по потреба повикани на интервју.
Повеќе информации на:
+389 32 444 620
www.womsvetinikole.org.mk
womsvetinikole@yahoo.com