Организација на жените на општина Свети Николе АНГАЖИРА – ПРОЕКТЕН КООРДИНАТОР/КА (1 лице)

  • Почетна
  • Новости
  • Организација на жените на општина Свети Николе АНГАЖИРА – ПРОЕКТЕН КООРДИНАТОР/КА (1 лице)

Организација на жените на општина Свети Николе

АНГАЖИРА

ПРОЕКТЕН КООРДИНАТОР/КА (1 лице)

 

Организација на жените на општина Свети Николе објавува повик за хонорарно ангажирање на 1 лице во рамки на проектот „Вклучени млади, силни заедници“, финансиски поддржан од Коалиција на младински организации СЕГА.

Проектот има за цел да придонесе кон креирање на овозможувачка околина за активно вклучување на младите во локалната заедница, или поспецифично да се воспостават услови за имплементација на Законот за младинско учество и младински политики во општина Свети Николе.

За потребите на овој проект, Организација на жените на општина Свети Николе има потреба од:

 

Проектен/на координатор/ка (1 лице)

Предвидени задачи (опис на позицијата):

– Во соработка со Координаторката на извршна канцеларија ќе управува со секојдневните оперативни аспекти на проектот;

– Мониторинг на реализација на проектните активности во согласност со проектниот план и Договор;

– Коорднирање и комуникација со проектниот тим и професионалните лица ангажирани во проектот;

– Ќе биде надлежен за организирање и координација на сите јавни настани што се однесуваат на проектот;

– Комуникација и координација со носителите на проектот/донаторот;

– Подготовка на сите наративни извештаи и целосно водење на проектната документација за потребите на проектот;

– Евалуација на сите проектни активности, резултати и достигнувања во согласност со одобрените проектни документи;

– Други релевантни активности кои произлегуваат од реализирањето на проектот, а на барање од донаторот.

 

Временски период:

Времетраењето на целиот ангажман е 5 месеци, почнувајќи од 1 февруари 2023 година заклучно со 30 јуни 2023 година.

 

Потребни квалификации:

– Високо образование

– Релевантно работно искуство со граѓански организации

– Работно искуство кое вклучува спроведување на проекти, локални активности, познавање на младински политики, соработка со локални чинители

– За предност ќе се смета познавање на работата на ОЖОСВН

 

Технички вештини:

– Напредно познавање на MS Office

– Познавање и искуство со пишување на извештаи (предност)

– Познавање и искуство со имплементирање на проектни активности (предност)

 

Знаења и други вештини:

– Високо развиени организациски вештини

– Запознаеност со политичкиот контекст во државата и локалната заедница особено во областа на младите

– Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини

– Проактивност и професионалност

– Способност за планирање, организација и имплементација на активност од почеток до крај

– Способност за тимска работа

 

Како да се пријавите?

За да се пријавите, Ве молиме да доставите:

– кратка биографија (CV)

– Мотивациско писмо за вашиот интерес и квалификации за конкретната позиција (не повеќе од 150 зборови)

Пријавата треба да ја пратите по електронска пошта на womsvetinikole@yahoo.com, со предмет на пораката: ОГЛАС ЗА АНГАЖМАН – ПРОЕКТЕН КООРДИНАТОР/КА.

Рокот за пријавување е заклучно 31 јануари, 2023 година. Само кандидатите кои ќе ја поминат првата фаза ќе бидат контактирани и по потреба повикани на интервју.

 

Повеќе информации на:

+389 32 444 620

www.womsvetinikole.org.mk

womsvetinikole@yahoo.com

 

 

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен