Организација на жените на општина Свети Николе
АНГАЖИРА
Лице за анализа на локални документи и политики за млади
ОГЛАС ЗА АНГАЖМАН ВО Организација на жените на општина Свети Николе – 1 лице
Организација на жените на општина Свети Николе објавува повик за хонорарно ангажирање на 1 лице во рамки на проектот „Вклучени млади, силни заедници“, финансиски поддржан од Коалиција на младински организации СЕГА.
Проектот има за цел да придонесе кон креирање на овозможувачка околина за активно вклучување на младите во локалната заедница, или поспецифично да се воспостават услови за имплементација на Законот за младинско учество и младински политики во општина Свети Николе. Еден од предусловите за ова е сите општински акти да се во согласност со обврските и правата на локалните самоуправи за имплементација на Законот за младинско учество и младински политики.
За потребите на овој проект, Организација на жените на општина Свети Николе има потреба од:
1 – лице за анализа на општински акти, програми и политики кои ги засегаат младите
Предвидени задачи (опис на позицијата):
– Планирање и спроведување на истражувачки активности за доследна имплементација на Законот за младинско учество и младински политики на локално ниво (општина Свети Николе)
– Мониторинг и анализа на регулатива, стратешки документи и локални политики на општина Свети Николе за млади
– Соработка со релевантни локални чинители
– Подготовка на финална анализа со заклучоци и препораки за усогласување на документите на општина Свети Николе со Законот за младинско учество
– Соработка со проектниот тим при подготовка на комуникациски материјали за клучни наоди, податоци и препораки
– Подготовка на финален наративен извештај за текот на целата конкретна активност
– Учество и претставување на организацијата на конференции и настани за темата на истражувањето
– Извршување на други тековни задачи во согласност со потребите на ангажманот и активностите на организацијата.
Временски период:
Времетраењето на целиот ангажман од почеток до добивање финален производ – анализа е 1 месец, започнувајќи од 20 декември 2022 година.
Потребни квалификации:
Образование и работно искуство:
– Минимум високо образование
– Релевантно работно искуство со граѓански организации
– Работно искуство кое вклучува спроведување на истражувачки проекти, познавање на младински политики, соработка со локални чинители
– За предност ќе се смета познавање на работата на ОЖОСВН
Технички вештини:
– Напредно познавање на MS Office
– Познавање на програми за обработка на податоци (предност)
– Познавање и искуство со алатки за собирање податоци од интервјуа и анкети (предност)
Знаења и други вештини
– Високо развиени аналитички вештини
– Способност за сумирање и претставување на истражувачки наоди во лесно разбирливи содржини, заклучоци и препораки
– Запознаеност со политичкиот контекст во државата, особено во областа на младите
– Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини
– Проактивност и професионалност
– Способност за планирање, организација и имплементација на истражувачката активност од почеток до крај
– Способност за тимска работа
Како да се пријавите
За да се пријавите, Ве молиме да доставите:
– CV – кратка биографија
– Мотивациско писмо за вашиот интерес и квалификации за конкретната позиција ( не повеќе од 150 зборови) Пријавата треба да ја пратите по електронска пошта на womsvetinikole@yahoo.com, со предмет на пораката ИСТРАЖУВАЧ/КА. Рокот за пријавување е заклучно 15 декември, 2022 година. Само кандидатите кои ќе ја поминат првата фаза ќе бидат контактирани и по потреба повикани на интервју.
Повеќе информации на:
+389 32 444 620
www.womsvetinikole.org.mk
womsvetinikole@yahoo.com