Дебата „Жените се дел од општината – колку нивните потреби се вклучени во локалните политики?“

  • Почетна
  • Новости
  • Дебата „Жените се дел од општината – колку нивните потреби се вклучени во локалните политики?“

На 31 јанари 2023 година, во просториите на Домот на културата во Пробиштип се оддржа јавната дебата на тема „Жените се дел од општината, колку нивните потреби се вклучени во локалните политики?“.

Оваа дебата повеќе беше во форма на фокус група каде ОЖОСВН поставуваше прашања, а присутните искажуваа свои ставови, мислења и искуства во делот на вклученост при креирање локални политики. Сооглед дека учесници беа претставници од институции на локално ниво, истите истакнаа дека се консултирани од страна на општината при креирање на програмите и буџетите. Заеднички се согласија дека мора да се мотивираат жените и девојките да излезат од комфорната зона и да се наметнат повеќе во средината, да си ги бараат своите права како рамноправни жители на општината.

Претставниците од ГО Грит, која е младинска организација, истакнаа дека кај младите има промена и веќе започнуваат да ги менуваат своите сфаќања, да ги тргнат предрасудите и родовата дискриминација, но за тоа треба да имаат поддршка и од институциите на системот, но и од образовниот процес, а воедно и од своите родители, советниците, општината. Едукацијата, јакнењето на капацитетите на различни локални чинители, вклучително и жените и девојките, унапредениот сиситем на информирање, практичната работа на заеднички иницијативи во кои што ќе бидат вклучени сите локални чинители, се основните чекори кои што треба да се превземат за да има еднакви можности за сите и да живееме во родовосензитивно општество.

Проектот е регрантиран од Центар за истражување и креирање политики, Скопје преку проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“ финансиран од Европската Унија преку програмата Support to Civil Society Networks and Platforms in the Republic of North Macedonia.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен