Продолжува соработката со Верица Пуздерлиска Греуртер и во тековната година

  • Почетна
  • ОЖО
  • Продолжува соработката со Верица Пуздерлиска Греуртер и во тековната година

ОЖОСВН од 2020 година воспостави соработка со наша иселеничка во Швајцарија. Целта на оваа соработка е да се придонесе кон економско јакнење на жени кои изработуваат рачни изработки и можност нивните производи да ги продаваат во Швајцарија, а дел од приходот се донира за поддршка на групата за самопомош на жени заболени и лекувани од малигни болести која функционира при ОЖОСВН. Голема благодарност до Верица и нејзиното семејство Пуздерлиски кои дополнително, го донираа целиот приход од нивните изработки и за интересот за продолжување на соработката со нашето здружение.

Доколку сте креативни и изработувате рачни изработки исконтактирајте не, па може и вашите производи да отпатуваат во Швајцарија и вие да помогнете на жените од групата за самопомош.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен