Организација на жените на општина Свети НиколеОрганизација на жените на општина Свети НиколеОрганизација на жените на општина Свети Николе
+389 32 444 620
Свети Николе, Македонија

Мрежа НИКА ќе започне со активности периодов

  • Почетна
  • ОЖО
  • Мрежа НИКА ќе започне со активности периодов

На ден 06.09.2022 се одржа состанок на неформалната локална група за родова еднаквост – мрежа НИКА. На состанокот беа присутни 18 учесници, меѓу кои 15 претставнички од координативното тело на мрежа НИКА.

На овој состанок се зборуваше за активности кои, мрежа НИКА, заедно со општината, може да ги реализира во следниот период, а со цел подобрување на статутот на жената на локално ниво.

На овој состанок акцентот беше ставен на одбележување на Октомври- месец за борба против рак на дојка. Учесничките дискутираа и даваа предлози на кој начин да се допре до што повеќе жени и девојки и да се подигне свеста кај нив за превенција, но и што после детектирање на болеста.

Членките на мрежа НИКА ви најавуваат низа активности во октомври, за кои навремено ќе ве информира и ве поканува да бидете дел од нив.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен