Продолжуваат форумите за млади девојки „Биди активна за родово еднакво општество!“

  • Почетна
  • Новости
  • Продолжуваат форумите за млади девојки „Биди активна за родово еднакво општество!“

ОЖОСВН, на 18 ноември, во големата сала на општина Свети Николе, одржа форум за млади девојки од средно училиште за да ги запознаеме поблиску со женските човекови права, родовата еднаквост и како да станат активни општествени чинители кои прават позитивни промени. Фасилитаторка на овој форум беше Весна Попоска, експертка за родови прашања.

Форумот ги надмина нашите очекувања, а 20 учеснички имаа можност да ги искажат своите погледи кон овие теми,каде ги препознаваат недостатоците и прекршувањата на нивните права, кои се нивни потреби и што се би можеле да направат заедно. Отворено дискутираа и разговараа за човековите права, родовата рамноправност и важноста од граѓанскиот активизам. Дискутираа во што се би сакале да бидат вклучени и да дадат свој придонес за да направат некоја промена за себе лично, но и за општеството генерално. Искрено се надеваме дека ќе продолжат со реализација на нивните цели, а ние сме тука да ги мотивираме, охрабриме и поддржиме во борбата.

Благодарност до СОУ Кочо Рацин, кои ни излегоа во пресрет и ја поддржаа оваа наша активност, а ние остануваме посветени на нашата работа и продолжуваме со идна соработка.

Оваа активност е дел од проектот „Јаки жени ја јакнат заедницата 2“ финансиски поддржан од Фондација Kvinna Till Kvinna, Шведска.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен