Работен состанок на групата за самопомош

На 31.01.2024 година со почеток од 18:30 часот, во просториите на Организација на жените на општина Свети Николе се реализираше состанок со групата за самопомош (група жени заболени и лекувани од карцином на дојка и матка).

На состанокот присуствуваа 15 жени. Состанокот го отвори координаторката на проектот Билјана Димова, а понатаму го водеше претседателката на Организацијата – Даниела Панева.

Целта на овој работен состанок беше информирање на жените за годишната програма, број на работилници според одобрениот буџет од Локалната самоуправа на општина Свети Николе и остварени контакти на работниот тим на проектот со едукаторките.

Овој состанок е дел од активностите кои ќе се реализираат од проектот Заедно да превенираме и се бориме против ракот на дојка-2024“.  Финансиски поддржан од Локална самоуправа на општина Свети Николе.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен