Работилница за изработка на Акциски план за Стратешки план 2020 – 2024

  • Почетна
  • Новости
  • Работилница за изработка на Акциски план за Стратешки план 2020 – 2024

ОЖОСВН одржа работилница за изработка на Акциски план за Стратешки план 2020 – 2024.

Работилницата, предводена од Марија Нашоку, експертка за мониторинг и евалуација, се одржа од 12 до 14 мај 2021 година во хотел „Романтик“ – Дојран и на истата присуствуваа 11 учесници од извршните и управни структури на ОЖОСВН и активни членови и волонтери. Тие заеднички и во групи работеа на развивање на Акцискиот (Оперативен) план за Стратешкиот план на организацијата за период 2020 – 2024.

За секоја програма одделно: здравствена програма, програма за деца и млади и програма за човекови права се креираа соодветни активности кои во наредниот тригодишен период ќе бидат водич во исполнување на целите и насоките од Стратешкиот план на ОЖОСВН.

Оваа активност е дел од проектот „Јаки жени ја јакнат заедницата 2“ финансиски поддржан од Фондација Kvinna Till Kvinna, Шведска

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен