На 7 декември се одржа трибина на тема „Родово базирано насилство и институционално постапување“. Фасилитаторка на трибината беше претседателката на ОЖОСВН – Даниела Панева.
На трибината беа присутни претставици од повеќе институции кои функционираат на локално ниво, како Центар за социјална работа, МВР, општина Свети Николе, основните и средното училиште, како и претседателката на Комисија за еднакви можности на мажите и жените и координаторката за еднакви можности на општина Свети Николе и др.
Целта на оваа трибина беше да се согледаат институционалните пречки и недостатоци при постапување во случаи на родово базирано и семејно насилство на локално ниво и како да интервенираме и да се координираме меѓусебно.
Оваа трибина беше во организација на Комисија за еднакви можности и ОЖОСВН, а во склоп на 16 дена активизам против родово базирано насилство.
Да кажеме НЕ на насилството!
Оваа активност е дел од проектот “Јаки жени ја јакнат заедницата 2” финансиски поддржан од Фондација Kvinna Till Kvinna, Шведска.