Организација на жените на општина Свети НиколеОрганизација на жените на општина Свети НиколеОрганизација на жените на општина Свети Николе
+389 32 444 620
Свети Николе, Македонија

Жените од с.Иванковци се едуцираат за Родово-базирано насилство

  • Почетна
  • Новости
  • Жените од с.Иванковци се едуцираат за Родово-базирано насилство

На 07 декември се одржа третата од трите предвидени работилници во рурални средини на тема Родово-базирано насилство. Овој пат, работилницата беше во с.Иванковци (Велес), фасцилитирана од Даниела Панева и на истата учествуваа 16 жени и девојки.

Работилницата беше во рамки на кампањата „16 дена активизам против родово-базирано насилство“ и убава можност учесничките да се запознаат со оваа кампања. Понатаму, на работилницата, жените имаа можност да се запознаат со различните видови на родово-базирано насилство (психичко, физичко, економско, семејно) и како полесно да го препознаат, превенираат и реагираат. Со работа во групи, учесничките, имаа можност преку студии на случај, да ги пронајдат и да ги препознаат видовите на насилство и преку заедничка дискусија изнаоѓаа решенија како може да се препознаат и спречат било каков вид на насилство.

На крај на работилницата, жените го искажаа своето задоволство бидејќи повеќе од 4 години работиме со нив и побараа да има почесто и повеќе вакви активности.

Оваа активност е дел од проектот „Јаки жени ја јакнат заедницата 2“ финансиски поддржан од Фондација Kvinna Till Kvinna, Шведска.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен