Малолетничките бракови во Свети Николе не смеат да останат невидлив проблем

  • Почетна
  • Новости
  • Малолетничките бракови во Свети Николе не смеат да останат невидлив проблем

Малолетничките бракови не се само личен или семеен проблем – тие оставаат долгорочни последици врз образованието, здравјето, економската независност и иднината на децата. Овој кус документ за политики посветен на состојбата во Општина Свети Николе и државата, укажува дека дел од проблемот останува невидлив, особено поради неформалните заедници кои не се опфатени во официјалните статистики.

Анализата покажува потреба од посилен превентивен пристап – навремено препознавање на ризиците, поголема информираност и континуирана работа со децата, родителите и заедницата. Посебен акцент е ставен на подобрата координација и раната интервенција, со цел децата да останат во образовниот процес и да бидат заштитени од притисок и последиците од малолетничките бракови.

Документот „Заштитата на децата од притисокот да склучат малолетнички бракови во Свети Николе е недоволна – Македонија треба оваа практика да ја третира како тип насилство“ e изработен од Даниела Панева, Горан Тасев и Ристе Панов.

Овој кус документ за политики е изработен во рамки на проектот „Медиуми на заедницата за граѓански ангажман: Трансформирање на општествените барања во општествена акција“ e со финансиска поддршка од Европската Унија, истиот е имплементиран од Институтот за истражување на општествениот развој РЕСИС и Организацијата на жените на општина Свети Николе (ОЖО) како субгрантист.

Анализата можете да ја погледнете ТУКА

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен