Страв и вознемиреност

На 4.12 во мала сала на локална смоуправа на Општина Свети Николе се одржа работилница на тема „Страв и вознемиреност“. Работилницата беше одржана од докторка по семејна медицина Гордана Митева.

Целта на оваа работилница е да им помогне на учесничките да стекнат подобро разбирање за нападите на страв и вознемиреност, како и за начини на кои можат да го намалат нивното влијание во нивниот секојдневен живот. Преку оваа работилница, се разгледуваа симптомите на вознемиреност, кои можат да се појават во моменти на интензивен страв или нервоза, и се објасни како тие симптоми можат да помогнат во препознавањето на сериозноста на ситуацијата.

Разбирањето на симптомите на анксиозноста може да овозможи да ја разграничат нормалната грижа и страв од оние моменти кога тие чувства можат да бидат знак за посериозна состојба што бара професионална помош. Понекогаш, вознемиреноста може да биде поврзана со физички и психолошки реакции кои не треба да се занемарат и важно е да се знае кога е потребно да се побара стручна поддршка и лекување.

Во рамките на работилницата, се дискутираа и промени во секојдневниот живот кои можат да помогнат во справувањето со анксиозноста. Техники како што се свесност, релаксација, редовна физичка активност и создавање на здрави навики може значително да го намалат интензитетот на стресот и да ја подобрат општата благосостојба.

Целта е учесничките да се чувствуваат подготвени и оснажени да се справат со вознемиреноста и да разберат кога треба да се обратат за дополнителна помош од стручни лица.

Оваа активност е дел од проектот “Заедно да превенираме и се бориме против ракот на дојка-2024“, финансиски поддржан од Локална самоуправа на општина Свети Николе.

 

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен