Здравјето на мозокот и целосното здравје-Нашиот чудесен мозок

  • Почетна
  • Новости
  • Здравјето на мозокот и целосното здравје-Нашиот чудесен мозок

На 29.09.2022 од 18:30ч во големата сала на Општина Свети Николе се одржа работилница од страна на психологот Емина Петкова.

Целта на оваа работилница беше, учесничките да осознаат што се може да направи човекот за подобрување на своето здравје вежбајќи го и хранејќи го мозокот секојдневно, а со тоа и искористувајќи го во поголем процент.

Се поделија информации за влијанието на: здравата храна и здравиот животен стил, позитивните социјални врски полни со емпатичност и разбирање, предизвикот да се учи постојано нешто ново, обезбедувањето на нови ситуации, контактот со природата, танцот и свирењето на инструмент, практикувањето на активности кои обезбедуваат релаксација, хранењето на мозокот со позитивни мисли и исчекувања, храброто носење на одлуки и соочувањето со проблемите.

Ваквите работилници се важни за сите, да не потсетат од време на време дека треба да си дадеме простор и време за себе и да правиме работи кои не исполнуваат и прават среќни.

Проектот „Продолжуваме заедно во борба против ракот на дојка“ е финансиски поддржан од Локална самоуправа Свети Николе.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен