На 13 декември во големата сала на општина Свети Николе се одржа трибина на тема “Женска солидарност во политиката”. На трибината присуствуваа жени од различни политички партии. Модераторка на работилницата беше Гордана Несторовска.
Учесничките на самиот почеток дискутираа што значи солидарност, дадоа свое мислење во врска со женската солидарност во политиката, како таа да се подобри и што треба да смениме кај нас за да можеме ние самите да се поддржуваме повеќе во сите сфери, вклучително и во политиката.
Преку дадени конкретни позитивни примери за женска солидарност и негативни ставови од несолидарност на жените од страна на фацилитаторката, како и потикнување на учесничките сами да иницираат примери за солидарност, се отвори дискусија за размислување на сегашното влијание од страна на мажите и жените и колку се би било пофункционално и подобро кога би биле сите жени солидарни со цел постигнување меѓусебна почит и почит од мажите.
Женската солидарност е неопходна алка во целиот политички процес за постигнување родова рамноправност, просперитетно и продуктивно општество. Женската солидарност е еден од механизмите за поголема застапеност на жените на одлучувачки политички функции од најниско до највисоко ниво и затоа е потребно меѓусебно да се поддржуваат и заеднички да делуваат.
Оваа активност е дел од проектот „Јаки жени ја јакнат заедницата 2“ финансиски поддржан од Фондација Kvinna Till Kvinna, Шведска.