Организација на жените на општина Свети НиколеОрганизација на жените на општина Свети НиколеОрганизација на жените на општина Свети Николе
+389 32 444 620
Свети Николе, Македонија

Одржана работилница на тема „Родовата еднаквост-дел од човековите права“

  • Почетна
  • Новости
  • Одржана работилница на тема „Родовата еднаквост-дел од човековите права“

На 18.08.2020 г. се одржа работилница на тема „Родовата еднаквост – дел од човековите права“ наменета за млади на возраст од 18 до 30 години од општина Свети Николе. Преку дружење, тимска работа, презентации и дебати, учесниците имаа можност подобро да се запознаат со оваа тема и да научат да разликуваат родови стереотипи во секојдневието.

Целокупно, работилницата резултираше со позитивни реакции и според нивните импресии ги поттикна младите да размислуваат поконкретно за концептот на родовата еднаквост во нивното секојдневие, како и кои се можностите за да и тие да бидат активни чинители во креирање на родово-еднакво општество, како составен дел од нивните основни човекови права.

Беа запазени сите мерки и протоколи за заштита од COVID-19.

Оваа работилница е дел од Проектот „Младите и европските вредности“ спроведуван од Коалиција на младински организации СЕГА, а финансиски поддржан од Генерален Секретаријат на Влада на Република Северна Македонија.

Организација на жените на општина Свети Николе како членка на Коалиција СЕГА спроведе  дел од активностите со младите од Свети Николе.

 

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен