проект: Од занаетчиите за вас – реализиран од Институт за развој на креативниот и иновативниот потенцијал кај млади и возрасни луѓе – Креативна Македонија

  • Почетна
  • Новости
  • проект: Од занаетчиите за вас – реализиран од Институт за развој на креативниот и иновативниот потенцијал кај млади и возрасни луѓе – Креативна Македонија

Од занаетчиите за нас

 

Со пораката „Креативноста не може да се потроши. Колку повеќе ја користите, толку повеќе ја имате“, а во рамките на проектот ,,Од занаетчиите за вас” кој го реализира Институт за развој на креативниот и иновативниот потенцијал кај млади и возрасни луѓе – Креативна Македонија, се одржаа креативни работилници за изучување на занаети наменети за лица од ранливите категории. Работилниците се одржаа онлајн и беа успешно спроведени.

Во периодот од 11 до 21 Август 2020 околу 15 членки на ОЖОСВН посетуваа онлајн обуки за стекнување вештини за рачни изработки во различни техники (фимо, цртање, плетење и квилинг), како и обука за маркетинг и онлајн продажба. Учесничките покажаа особен интерес и мотивираност, како и желба преку нивната креативност и искористување на стекнатите знаења и вештини да придонесат кон прибирање на средства за групата за самопомош на жени заболени и лекувани од малигни болести.

Покрај, Организација на жените на општина Свети Николе, во оваа активност се вклучија и членови на Здружение Мобилност, Здружение Порака Неготино, како и лица кои не се членови во овие организации.

Проектот е поддржан од град Скопје, а спонзориран од Еснаф и Euro Danvest Staedtler.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен