На 05.05 и на 17.05 се одржаа работилници на тема Родово-базирано насилство, во с.Корешница (Демир Капија) и с.Горобинци (Свети Николе). Овие работилници беа фасцилитирани од Даниела Панева – правна советничка во Канцеларијата за бесплатна правна и психо-социјална поддршка при Организација на жените на општина Свети Николе.
На овие работилници жените од овие рурални средини имаа можност да се запознаат со различните видови на родово-базирано насилство (психичко, физичко, економско, семејно) и како полесно да го препознаат, превенираат и реагираат. Со работа во групи, учесничките, имаа можност преку студии на случај, да ги пронајдат и да ги препознаат видовите на насилство и преку заедничка дискусија изнаоѓаа решенија како може да се препознаат и спречат било каков вид на насилство.
Оваа активност е дел од проектот „Јаки жени ја јакнат заедницата 2“ финансиски поддржан од Фондација Kvinna Till Kvinna, Шведска.