ОЖОСВН од 2020 година воспостави соработка со наша иселеничка во Швајцарија. Целта на оваа соработка е да се придонесе кон економско јакнење на жени кои изработуваат рачни изработки и можност нивните производи да ги продаваат во Швајцарија, а дел од приходот се донира за поддршка на групата за самопомош на жени заболени и лекувани од малигни болести која функционира при ОЖОСВН. Голема благодарност до Верица и нејзиното семејство Пуздерлиски кои дополнително, го донираа целиот приход од нивните изработки и за интересот за продолжување на соработката со нашето здружение.
Доколку сте креативни и изработувате рачни изработки исконтактирајте не, па може и вашите производи да отпатуваат во Швајцарија и вие да помогнете на жените од групата за самопомош.