
Организација на жените на општина Свети Николе во периодот од 17-20 октомври реализираше тридневен тренинг „Твоj е изборот дали ќе бидеш тивка или гласна“ за девојки од Источниот и Вардарскиот регион на Македонија.
Фокусот на нашиот тренинг беа младинскиот активизам, родовата еднаквост и човековите права со акцент на правата на жените и девојките.



Младински активизам: Истражување на потенцијалот на младите девојки да создадат позитивни промени во нивните заедници, охрабрување и мотивирање самите да се активираат и ги застапуваат своите и интересите на другите млади.
Родова еднаквост: Дискусија за важноста на родовата еднаквост, еднаквите можности и препознавање и делување во однос на стереотипите и предрасудите.
Човекови права: Разбирање на женските права како човекови права и основните принципи на човековите права со нивното значење во нашите животи.


Се надеваме дека овие млади девојки ќе станат поборници за промени, што ќе има позитивно влијание во нивните заедници и пошироко.





Оваа активност е дел од проектот „Јаки жени ја јакнат заедницата 2“ финансиски поддржан од Фондација Kvinna Till Kvinna, Шведска.