Барање на понуда за превоз на патници

До: Сите заинтересирани страни

Предмет: Барање на понуда за превоз на патници

 

 

Почитувани,

Здружението Организација на жените на општина Свети Николе од Свети Николе, во рамките на проектот „Зајакни ја промената: Подобрување на застапувањето преку медиуми“ финансиски поддржан од The Kvinna Till Kvinna фондација, Шведска, има потреба од прибирање на понуди за превоз на патници.

Во рамки на проектот, во периодот од 30 септември до 03 октомври 2024 година, ОЖОСВН ќе реализира тридневен тренинг во хотел Сириус, Струмица.

На тренингот ќе учествуваат 24 учеснички од различни градови за кои е потребно да се обезбеди организиран превоз. На 30 септември сите учесници треба да бидат во х.Сириус, Струмица до 14 часот, а треба да се вратат назад кон матичните градови на 03 октомври со поаѓање од х.Сириус, Струмица во 14 часот.

Вашата понуда треба да гласи до Организација на жените на општина Свети Николе и да содржи:

  • Превоз за 3 учеснички на релација Свети Николе – Струмица – Свети Николе
  • Превоз за 4 учеснички на релација Скопје – Струмица – Скопје
  • Превоз за 2 учеснички на релација Крива Паланка – Струмица – Крива Паланка
  • Превоз за 3 учеснички на релација Куманово – Струмица – Куманово
  • Превоз за 3 учеснички на релација Делчево – Струмица – Делчево
  • Превоз на 2 учеснички на релација Пехчево – Струмица – Пехчево
  • Превоз за 2 учеснички на релација Велес – Струмица – Велес
  • Превоз за 1 учесничка на релација Битола – Струмица – Битола
  • Превоз на 2 учеснички на релација Прилип – Струмица – Прилип
  • Превоз на 2 учеснички на релација Кавадарци – Струмица – Кавадарци

 

НАПОМЕНА: Цените да бидат изразени во МКД со пресметан ДДВ.

Сите заинтересирани страни понудите треба да ги достават на е-маил адресата на ОЖОСВН: womsvetinikole@yahoo.com,во просториите на ОЖОСВН: ул.Ленинова бр.1-1/4, Свети Николе, најдоцна до 25 септември (среда) 2024 година до 10 часот или да не контактираат на телефонскиот број 078 264 823.

Со почит,

Александра Тодевска

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен