Тимски игри и заедничко дружење во рамки на програмата „Растеме заедно во лидерки на заедницата“

  • Почетна
  • Новости
  • Тимски игри и заедничко дружење во рамки на програмата „Растеме заедно во лидерки на заедницата“

На 27 мај 2026 година, во дворот на Доброволното противпожарно друштво, се реализираше заедничка активност со менторките и менторираните девојки од програмата „Растеме заедно во лидерки на заедницата“, организирана од тимот на ОЖОСВН.

Активноста имаше за цел да ја поттикне меѓусебната поврзаност, тимската работа и соработката помеѓу менторираните деца и менторките. Преку разновидни тимски игри и интерактивни активности, девојките имаа можност да ја согледаат важноста на меѓусебната поддршка, активната комуникација и довербата како основа за успешно функционирање во тим.

Во текот на активностите учесничките заеднички решаваа предизвици, разменуваа идеи и ги зајакнуваа своите комуникациски и социјални вештини. Настанот помина во позитивна и мотивирачка атмосфера, исполнета со дружење, смеа, тимски дух и натпреварувачка енергија. Сите девојки активно се вклучија во активностите, покажувајќи ентузијазам, иницијативност и подготвеност за соработка.

Ваквите заеднички средби имаат значајна улога во градењето на безбедна, охрабрувачка и инспиративна средина во која девојките се чувствуваат прифатени, развиваат нови пријателства и стекнуваат вештини што ќе им помогнат во нивниот личен и лидерски развој. Позитивните впечатоци и задоволството на учесничките претставуваат дополнителна мотивација за продолжување на програмата и реализација на нови заеднички активности.

Оваа активност е дел од проектот „Чекориме од зајакнување кон промена“, финансиски поддржан од Kvinna Till Kvinna Foundation и Кралството Шведска.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен