Повик за ангажирање на едукатор/ка

Организација на жените на општина Свети Николе (ОЖОСВН) објавува повик за ангажирање на едукатор/ка во проектот „Не чекаме промени – ги создаваме“ поддржан од Акција Здруженска – Скопје преку German Women’s Fund filia die frauenstiftung.

Цел на проектот:

Општата цел на проектот е да се зајакне учеството и лидерството на девојки од Свети Николе во локалната заедница преку развој на нивните лидерски, комуникациски и застапувачки вештини и нивно активно вклучување во иницирање локални промени.

ПОВИК ЗА ЕДУКАТОР/КА

За ангажирање на едукатор/ка за спроведување на дводневна интерактивна едукативна обука во периодот од 24-26 август 2026 година, со девојки на возраст од 15 до 18 години со фокус на лидерство, феминистички принципи и личен развој потребно е да има искуство во неформална едукација, познавање и исксуство за следниве теми:

  • лидерство и самодоверба (самопочит и самозастапување, како да го изразам своето мислење без страв, надминување на синдромот „не сум доволно добра“, токсични стандарди за убавина, емоционална интелигенција, здрави и нездрави врски)
  • родова еднаквост и феминистички пристап (Кој го обликува мојот идентитет?, родови улоги и очекувања, притисоци од семејството, училиштето и социјалните мрежи, како да препознаеме ограничувачки стереотипи)
  • комуникациски вештини и јавен настап, концепт на менторство (улога и одговорности, доверба, активно слушање и поддршка)
  • застапување (аргументирање, организирање иницијативи и влијание врз носителите на одлуки)

Пожелно е пријавениот/та кандидат/ка да биде психолог/педагог или обучувач со искуство во личен развој и ментално здравје.

Обврски:

  • Подготовка и спроведување на интерактивни предавања и дискусии со 7-8 посебни сесии од час и половина;
  • Поттикнување на дискусија, тимска работа и критичко размислување кај учесничките;
  • Подготовка на пред и после тест за обуката;
  • Подготовка на извештај по завршување на обуката.

Како да аплицирате?

Заинтересираните кандидати/ки треба да испратат:

  • кратка биографија (CV);
  • мотивационо писмо (со назнака за која/кои работилница/и аплицираат);
  • претходно искуство во вакви и слични активности заедно со предлог методологија/агенда за работилницата.

Краен рок за пријавување: 13 август (понеделник) 2026 година

Пријавите испратете ги на womsvetinikole@yahoo.com со предмет: Пријава за едукатор/ка

За повеќе информации може да се обратите директно во канцеларијата на ОЖОСВН (Ленинова 1-1/4) или на 078615860 – кај Стефанија Арсова, младинска координаторка во ОЖОСВН.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен