Само едуцирани жени градат јаки заедници

На 17, 23 и 25  ноември, ОЖОСВН реализираше едукативни еднодневни работилници за женскиот активизам и учеството во локалната политика и процесот на донесување одлуки за жени од руралните средини Иванковци – општина Велес, Корешница – општина Демир Капија и Горобинци – општина Свети Николе.

На работилниците учесничките се запознаа со надлежностите на општината и нејзините ингеренции, важноста од женското учество во локалната заедница, потребата од поголема активност на жените, беа споделени успешни приказни и добри практики од нашата досегашна работа на терен, а потоа преку работа во групи и практична вежба беа дефинирани приоритетни проблеми кои ги засегаат жените и заеднички формулиравме предлог  решенија онаму каде што имаше можност.

Преку непосреден, директен пристап со жените учеснички, на едноставен и разбирлив начин им беше пренесена важноста од женско здружување, активирање и учество во креирањето на политики и програми на локално ниво. Евидентен беше интересот за поголемо вклучување и мотивација кај жените, работевме на подигање на нивната свест за тоа дека тие треба да бидат двигатели на промените во нивните заедници и дека охрабрени треба да почнат да ги бараат услугите за чие обезбедување е надлежна локалната власт. Во самиот тек на работилниците, жените спонтано ги истакнуваа проблемите, слободно поставуваа прашања, покажаа интерес во практичната работа, беа согласни кои проблеми се најприоритетни во нивните заедници, се поддржуваа едни со други, без несогласувања, ниту несакани конфронтации.

Ова само уште еднаш потврди дека на жените од руралните средини им е потребно мотивација и охрабрување за да застанат и се борат за своите потреби и решавање на проблемите. Затоа ОЖОСВН и понатаму продолжува да работи со овие жени и тие да бидат слушнати и вклучени во заедницата.

Оваа активност е реализирана од страна на Организација на жените на Општина Свети Николе, а е дел од проектот „Јаки жени ја јакнат заедницата 2“ финансиски поддржан од шведската Фондација Kvinna Till Kvinna.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен