На 5 април 2022 година во големата сала на локална самоуправа Свети Николе, се одржа работилница на тема „Моето внатрешно дете – поврзано со детето во себе“. Работилницата ја фасилитираше психотерапевтката Елисавета Секуловска. Оваа работилница беше наменета за, и на истата присуствуваа, членки од групата за самопомош на жени заболени и лекувани од малигни болести при ОЖОСВН.
Целта на оваа работилница беше учесничките да се поврзат со своето внатрешно дете со цел да го освестат овој свој дел од личноста, да ги препознаат своите пријатни/непријатни емоции и потреби и да го вклучат разумниот дел од личноста наречен „возрасен” да се погрижи за внатрешното дете/детето во себе. Оваа техника се користи за полесно да се прифатат и пребродат работите.
Оваа активност е дел од проектот „Продолжуваме заедно во борба против ракот на дојка“, кој е финансиски подржан од Локална самоуправа Свети Николе.