Во периодот од 27 до 29 мај, се одржа обука за застапување и мобилизирање на заедницата, на која присуствуваа по две претставнички од секоја институција/организација – членки на неформалната локална група за унапредување на родовата еднаквост во општина Свети Николе – мрежа НИКА.
Целта на оваа обука беше учесничките да се стекнат со знаења и вештини за креирање на стратегија за застапување за конкретна промена во локалната заедница и пошироко. Обуката беше интерактивна, практична и ги опфати сите елементи на застапување преку анализа на проблем, анализа на засегнати страни, долгорочни и краткорочни цели, активности и акциски план, мониторинг и евалуација. Учесничките заеднички селектираа приоритетни проблеми од локалната заедница и потоа со работа во групи заеднички разработија стратегија за застапување на дадените проблеми. Се надеваме во наредниот период овие практични вежби ќе се доработат и ќе се имплементираат во пракса, а мрежа Ника ќе направи локална промена во интерес на сите граѓани и граѓанки.
Оваа активност е дел од проектот „Јаки жени ја јакнат заедницата 2“ финансиски поддржан од Фондација Kvinna Till Kvinna, Шведска.