Овој извештај е подготвен од дел од членовите на Платформата за родова еднаквост. Платформата за родова еднаквост е основана во 2014 година како неформална платформа на граѓански организации кои работат на полето на родовата еднаквост во Северна Македонија. Денес, Платформата ја сочинуваат 28 организации членки чија визија е да ја промовираат родовата еднаквост како вредност и заеднички да дејствуваат врз центрите на моќ во македонското општество.
Податоците за извештајот беа собрани во две фази од 9 претставници од 9 организации членки на Платформата (Хелсиншки комитет за човекови права, Реактор, Коалиција Маргини, ХЕРА, Национална мрежа за ставање крај на насилството врз жените и семејното насилство, Организација на жените на општина Свети Николе, Tiiiit! Inc., HOPS и Stella Network). Процесот на собирање и анализа на податоците, како и пишувањето на извештајот беше координиран од Хелсиншкиот комитет за човекови права, како член на Платформата за родова еднаквост.
Во првата фаза од подготовката на извештајот, првичен извештај беше подготвен во септември 2021 година од Билјана Котевска, а конечната верзија беше подготвена во април 2022 година од Елена Димушевска. Првата фаза од подготовката на извештајот, во периодот од август 2020 до септември 2021 година, беше поддржана од UN Women, додека втората фаза, од септември 2021 до април 2022 година беше поддржана од Kvinna till Kvinna и Шведска. Содржината на овој извештај е единствена одговорност на Платформата за родова еднаквост и не мора да ги одразува ставовите на UN Women, Kvinna till Kvinna или Шведска. Извештајот во целост може да го погледнете на следниов линк: http://rodovaplatforma.mk/wp-content/uploads/2022/06/Shadow-report-GREVIO-2022-Gender-Equality-Platform_April-20221.pdf