ОЖООЖООЖО
+389 32 444 620
Свети Николе, Македонија

Активности на ОЖОСВН по повод 8 Март

ОЖОСВН, 8 Март го празнува со оддавање почит на заслужните жени кои го започнаа патот за родова еднаквост и постојано залагање за продолжување на борбата за социјална, економска и политичка рамноправност.

И оваа година, традиционално, го одбележа со положување цвеќе на паднатите борки за слобода од Oпштина Свети Николе. На овој настан учество земаа претставници на локалните институции и невладини организации. Свое обраќање пред присутните имаа претседателката на ОЖОСВН, која се осврна на постојаната борба за родова еднаквост на локално ниво, како и Градоначалникот на општина Свети Николе, г-дин Сашо Велковски кој, како приоритет, уште еднаш ја истакна неговата посветеност за исполнување на ветувањата и заложбите за унапредување на родовата еднаквост на локално ниво и дополнително, залагајќи се за буџетски програми за интеграција на жртвите на родово базирано насилство.

На 8 Март, изразувајки солидарност и поддршка на жените и девојките – жртви на случајот „Јавна соба“ и секаков вид на родово-базирано насилство, членовите на извршната канцеларија на ОЖОСВН учествуваа на Маршот – „Држава што не постапува е држава што силува“. Овој, петти по ред, Марш за женски права кој се реализира по повод 8 Март, беше во организација на Платформата за родова еднаквост, чија членка е ОЖОСВН. Истиот започна пред Министерството за внатрешни работи (МВР) и продолжи се’ до паркот „Жена Борец“, каде имаше завршни обраќања и краток перформанс од феминистки и активисти за женски права.

ОЖОСВН активности по повод 8 Март

По повод 8 Март и важноста од соработка и дијалог со локалните чинители, координаторката за еднакви можности меѓу мажите и жените на општина Свети Николе, г-ѓа Славица Димова и Претседателката на ОЖОСВН, г-ѓа Даниела Панева, одржаа работна средба. Оваа средба имаше за цел да се согледа моменталната состојба на родовата еднаквост во Општина Свети Николе, да се направи компарација со претходната состојба, да се согледа напредокот, но, и предизвиците, проблемите и потребите на кои треба поактивно да се работи. Исто така, се разговараше за постоечките стратешки документи на општината и се воочија најчестите проблеми и предизвици за работа на КЕМ (Комисија за еднакви можности меѓу мажите и жените). Координаторката, која веќе три години е на оваа функција, потенцираше дека самостојно посетува различни обуки за родовата еднаквост, бидејќи сака да креира, заедно со КЕМ и Градоначалникот, една родово-сензитивна Општина. Според неа, постои оптимизам и желба за унапредување на правата на жените на локално ниво и истакна дека добрата страна е што поголем дел од советниците се родово сензибилизирани и со тоа полесно се комуницира и работи со нив, во однос на подобрување на моменталната состојба, споредено со претходните години.

 

ОЖОСВН не само на 8 Март, туку секој ден, со упорност, посветеност, сила и храброст продолжува со борбата за социјална, економска и политичка рамноправност.

 

 

 

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен