Организација на жените на општина Свети НиколеОрганизација на жените на општина Свети НиколеОрганизација на жените на општина Свети Николе
+389 32 444 620
Свети Николе, Македонија

Модифициран британски ковид-вирус: симптоми, последици и вакцинација

  • Почетна
  • Новости
  • Модифициран британски ковид-вирус: симптоми, последици и вакцинација

На 03 март 2021 година, со почеток во 18.30 часот, ОЖОСВН реализираше работилница за едукација на членките од групата за самопомош на жени заболени и лекувани од малигни заболувања. Работилницата се спроведе со почитување на ситe мерки и протоколи за заштита од „Ковид-19“, присуствуваа 17 жени и беше водена од др. Гордана Митева.

Целта на оваа работилница беше присутните да се запознаат со симптомите на модифицираниот британски вирус на ковид-19, последиците, видовите вакцини и кој сè може да ги прими, несакани последици, времетраење на заштита од вакцината, времетраење на заштита на организмот пост-ковид и слично.

Само почитувањето на препораките од надлежните и научни институции, свесноста и совесноста на луѓето и градењето на колективниот имунитет ќе придонесат кон надминување на пандемијата и делумно нормализирање на состојбата.

 

Оваа работилница е дел од активностите во рамки на проектот „Заедно во борба против ракот ракот на дојка-2“, финансиски поддржан од Општина Свети Николе.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен