ОЖООЖООЖО
+389 32 444 620
Свети Николе, Македонија

Одржана инфо-средба

На 28.05.2021 г. со почеток од 11:30 ч. се одржа информативна средба со претставници и претставнички од релевантни локални институции при Општина Свети Николе, со цел запознавање со проектот „Не си сам/а – Канцеларијата за бесплатна правна помош и психо-социјална поддршка“ и услугите кои ОЖОСВН ги нуди во рамки на овој проект.

За самиот проект, како и тоа што овозможува Законот за бесплатна правна помош, што обезбедува Канцеларијата за бесплатна правна помош и психо-социјална поддршка и како потенцијалните корисници можат да допрат до неа и да ја искористат бесплатната помош, доколку им е потребна, говореа ангажираните

лица во самата канцеларија: адвокат Игор Гавевски, правничката Даниела Панева и психолог Ружица Сотировска.

Откако подетално се запознаа со сите основни информации, присутните имаа можност преку прашања да развијат д

ебата и со дополнителни предлози и идеи да учествуваат при понатамошниот развоен процес на Канцеларијата за беслатна правна помош и психо-социјална поддршка, но и да разговараат, како преку меѓусебната помош, поддршка и соработка да се овозможи полесен пристап до правда за маргинализираните лица и полесно надминување на промената/новата состојба во нивниот живот.

 

Овој настан е дел од проектот „Не си сам/а – канцеларија за бесплатна правна помош и психо-социјална поддршка. Проектот е регрантиран од Коалиција Маргини и Фондација Kvinna till Kvinna, а финансиран од Европската Унија.

 

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен