Затоа што 8 Март не е само цвет и (или) подарок

  • Почетна
  • ОЖО
  • Затоа што 8 Март не е само цвет и (или) подарок

ОЖОСВН и оваа година организираше и беше дел од повеќе активности за одбележување на Меѓународниот ден на жената – 8 Март, за борбата на жените за социјална, економска и политичка правда.

На 07.03.2022 г. во библиотеката „Гоце Делчев“ при Дом на култура „Крсте Мисирков“ – Свети Николе, се одржа дебата на тема „Борбата на жените низ годините“. На дебатата жени со различни професии и потекло, споделувајќи лични искуства, разговараа за стереотипите, потешкотиите, проблемите и пречките со кои жените се соочувале некогаш, но се соочуваат и сега, патријархалното општество и машкиот свет во кој живееме. Настанот беше реализиран со заедничка соработка на ОЖОСВН и ОУ Дом на култура „Крсте Мисирков“, како дел од локалната мрежа за родова еднаквост НИКА.

На 08.03, традиционално, во организација на ОЖОСВН, се положи цвеќе на паднатите борки за слобода од Oпштина Свети Николе. На овој настан учество земаа Градоначалникот на општина Свети Николе, претставници на локалните институции и граѓански здруженија. Свое обраќање пред присутните имаше претседателката на ОЖОСВН, која се осврна на постојаната борба за родова еднаквост на локално ниво, дека ОЖОСВН ќе продолжи и понатаму да се залага за човековите права и родовата еднаквост, но и дека треба сите да бидеме здружени и солидарни во оваа борба. По положувањето на цвеќе, присутните, на  покана на градоначалникот Дејан Владев беа примени во неговиот кабинет, каде беше разговарано што заеднички можеме да сториме за унапредување на правата на жените на локално ниво.

Во поддршка на националната борба за правата на жените и како членка на Платформата за родова еднаквост, ОЖОСВН беше дел од маршот ,,Сиромаштијата има женско лице”. Маршот, овој 8 Март го одбележа женската сиромаштија, овозможена и одржувана од системот, а продлабочена како резултат од двегодишната пандемија на Ковид-19 и нејзините последици. Отсуството на политики, стратешки документи и механизми кои го поддржуваат унапредувањето на родовата еднаквост и правата на жените, значи дека институциите дозволуваат системска дискриминација и насилство. Овој, шести по ред, Марш за женски права започна пред Влада на Р.Македонија и продолжи до паркот „Жена Борец“, каде имаше завршни обраќања од феминистки и активисти за женски права.

ОЖОСВН не само на 8 Март, туку секој ден, со упорност, посветеност, сила и храброст продолжува со борбата за социјална, економска и политичка рамноправност.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен