Работилница за подготовка на Правилник за работа на канцеларијата за бесплатна правна помош и психо-социјална поддршка при ОЖОСВН

  • Почетна
  • Новости
  • Работилница за подготовка на Правилник за работа на канцеларијата за бесплатна правна помош и психо-социјална поддршка при ОЖОСВН

Работилницата се реализираше на 27 јануари, 2021 година во просториите на ОЖОСВН. На истата присуствуваа 6 учесници, а беше водена од фасилитаторката Благица Киров – правен советник во канцеларијата за бесплатна правна помош во склоп на невладината организација ЕХО од Штип.

Целта на оваа работилница беше да се подготви интерен Правилник за навремено, координирано и професионално функционирање на канцеларијата за бесплатна правна помош и психо-социјална поддршка, појаснување на услугите и нивна промоција, како и специфицирање на работните обврски на професионалниот тим ангажиран во канцеларијата.

 

                       

На самата работилница, секој учесник ја презентираше својата досегашна работа со пружање на правна и психо-социјална помош и предизвиците со кои се соочуваат при нивната работа. Потоа, се говореше за важноста на Правилникот и неговата примена и се продолжи со дефинирање на структурата на истиот преку вежби и дискусија. На крајот се разговараше за тоа како да ја евалуираме нашата работа и како да добиеме повратни информации од нашите корисници за квалитетот на понудените услуги, се конкретизираа упатствата и следните чекори за финализирање на Правилникот.

Оваа активност е дел од проектот „Не си сам/а – канцеларија за бесплатна правна помош и психо-социјална поддршка“. Проектот е регрантиран од Коалиција Маргини и Фондација Kvinna Till Kvinna, а финансиран од Европската Унија

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен