Работничките права во пракса – горливи проблеми и прекршувања на правата

  • Почетна
  • Новости
  • Работничките права во пракса – горливи проблеми и прекршувања на правата

На 28 февруари во Свети Николе се одржа трибина на тема „Работничките права во пракса – горливи проблеми и прекршувања на правата“ која беше водена од Кристина Ампева од здружението „Гласен текстилец“.

Трибината имаше за цел да ја промовира канцеларијата за бесплатна правна и психо-социјална поддршка при ОЖОСВН, како и одблиску да ги запознае присутните со прекршување на правата од работен однос и нивна заштита.

На трибината беа присутни мал број работници од различни локални претпријатија кои, како што истакнаа, ги застапуваат интересите и на нивните колеги и колешки. Покрај информациите кои ги добија присутните за најчестите прекршувања на работничките права, заштитните механизми и обврски на институциите при повреда на правата од работен однос, кога се бара судска заштита или кои се новитетите во новиот предлог Закон за работни, целата трибина отиде во насока на отворен разговор и дебата за реалните проблеми и прекршувања на работничките права.

Присутните споделија различни искуства, ставови, проблеми, но сепак на крај се заклучи дека е потребна континуирана комуникација помеѓу самите работници и одговорните лица, но и институциите. Посебно беше потенциран проблемот со синдикатите во фирмите и потребата тие повеќе да се залагаат за правата на работниците, а беше разговарано и за начините на формирање на нов независен синдикат.

Оваа активност е дел од проектот „Не си сам/а – канцеларија за бесплатна правна помош и психо-социјална поддршка 2“ е регрантиран од Коалиција Маргини и The Kvinna Till Kvinna Foundation, финансиран од Европската Унија, а ко-финансиран од Шведска.

 

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен