Рак на дојка: стари и нови начини на дијагностицирање

На 22 октомври 2020 година, по повод октомври-месецот за борба против рак на дојка, ОЖОСВН реализираше трибина на тема „Стари и нови начини на дијагностицирање на карцином на дојка“. Оваа трибина беше наменета за членките од групата за самопомош на жени заболени и лекувани од малигни заболувања, но и за пошироката јавност со ограничени капацитети поради корона вирусот. На  трибината присуствуваа 20 учесници и истата ја водеше др. Гордана Митева.

Целта на трибината беше да се влијае на свеста на сите луѓе за важноста од превентивните прегледи, редовни прегледи и контроли со цел навремено откривање на сите новонастанати промени во организмот, а со тоа и подмолните и брзоразвојни болести. Ако карциномот, или било кое друго заболување и нарушување во човечкиот организам, се открие во раната фаза – се лечи, се регулира или се надминува. Исто така, присутните се  запознаа со новите начини на дијагностицирање, со цел оваа информација да допре до што поголем број луѓе кои ќе ја споделат со свои роднини, пријатели и познаници и на тој начин ќе овозможат во ран период да го откријат заболувањето.

Здравствената култура и грижа за себе е на значително ниско ниво во нашата земја и е нешто на кое што треба што поактивно да се работи.

Оваа трибина е дел од активностите во рамки на проектот „Заедно во борба против ракот на дојка“, финансиски поддржан од Општина Свети Николе.

 

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен