Жена – грижи се за себе

На 28.02, во мала сала на локална смоуправа на Општина Свети Николе, се одржа работилница на тема „Жена – грижи се за себе“. Работилницата ја водеше Емина Петкова, психолог.

Целта на оваа работилница е жените од групата за самопомош на жени забоелни и лекувани од малигни болести, да осознајат и да се опкружат со луѓе кои ја зајакнуваат вербата во нив самите, кои прават да се чувствуваат вредно, способно, силно. Да знаат дека се достојни за добар однос, да бидат со оние покрај кои им растат крилја, кои ги храбрат и гледаат во нив со восхит.

Се зборуваше и за современите проблеми кај жените и нивните односи со мажите и потребата за надополнување, прифаќање. Традиционалните норми кои сеуште постојат во одредена мера, перцепцијата на разликите на женскиот и машкиот пол како мажот е склон кон иницијативност, а жената e трпеливa, мажот е храбар, а жената цврста, односно поиздржлива во страдањата, очекувањата од жената да се грижи за сите итн. доведуваат до помала самодоверба кај жените, комплекс на помала вредност, немање време за себе и своите потреби и со тоа поголема потчинетост. Затоа се охрабруваат жените да бидат похрабри, да бараат и даваат поддршка на други жени, а најмногу од се да се грижат првенствено за себе бидејќи само така ќе можат да придонесат подобро и повеќе и за другите.

Оваа активност се реализира во рамки на проектот „ Заедно да превенираме и се бориме против ракот на дојка”, финансиски поддржан од општина Свети Николе.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен