Семејството и меѓуврсничкото насилство

На 30 мај 2022 година во големата сала на локална самоуправа Свети Николе, се одржа трибина за врсничко насилство. На трибината беа присутни родители, наставници, членови на советот на родителите од ООУ „Кирил и Методиј“ и ООУ „Гоце Делчев“ и ученици. Едукаторка на работилницата беше психологот Емина Петкова.

На почеток на самата работилница се дефинираше што е врсничко насилство и како би можело тоа да се препознае. Се дискутираше и за причините за настанувањето на насилството помеѓу врсниците кое е видливо и она кое лежи во коренот на проблемот, но и кои се последиците од самото насилство. Последиците од маѓепсаниот круг на насилство врз децата може да бидат долгорочни, и меѓу нив спаѓаат: проблеми со физичкото здравје, тешкотии во односите со другите луѓе, проблеми со учење, тешкотии во изразување на чувствата на начин разбирлив за другите луѓе, проблеми со емотивното здравје, зголемена склоност кон опасни нешта, како земање дроги или впуштање во сексуални односи на многу рана возраст.

За да се намали насилството во училиштата, но и надвор од него, треба ефективна промена која бара од сите да направат промени. Се одвоија неколку стратегии како примери како би можело да се намали насилството: воведување на национална стратегија која дава приоритет на создавање на безбедни училишта преку поттикнување на позитивна училишна клима, промени во начините на кои училиштата се справуваат со насилството, промени во начините на кои наставниците раководат со секојдневните активности на час, промени во начините на кои родителите ги дисциплинираат нивните деца во училишниот живот, промени во начините на кои самите деца се однесуваат и како реагираат на насилство.

На крај на самата трибина се поставуваа прашања од присутните, се коментираше настанот и се даваа препораки за понатамошни активности за превенирање и надминување на оваа состојба.

Оваа активност е дел од проектот „Јаки жени ја јакнат заедницата 2“ финансиски поддржан од Фондација Kvinna Till Kvinna, Шведска.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен