Организација на жените на општина Свети НиколеОрганизација на жените на општина Свети НиколеОрганизација на жените на општина Свети Николе
+389 32 444 620
Свети Николе, Македонија

Мониторинг и евалуција при планирање на предлог проекти за активните членови на ОЖОСВН

  • Почетна
  • Новости
  • Мониторинг и евалуција при планирање на предлог проекти за активните членови на ОЖОСВН

             Со цел зајакнување на човечките ресурси во организацијата, се реализираа два дводневни тренинзи со работна тема „Мониторинг и Евалуација при подготовка на предлог-проекти“. Тренинзите се одржаа од 12 до 14 и од 27 до 29 ноември 2020 година, во хотелот „Централ“ – Виница. Истите беа предводени од експертката за мониторинг и евалуација, Марија Нашоковска. Присуствуваа 7 учесници од кои еден дел беа претставници од извршната канцеларија, а другиот – нови, активни волонтери во ОЖОСВН.

 

Првиот дел од тренинзите беше посветен на воведот во проектниот циклус и пристапот на логичка рамка со мониторинг и евалуација, идентификација и анализа на проблеми, креирање на дрво на проблеми, анализа на целни групи, цели и дрво на цели и анализа на стратегии. Учесниците на обуката беа повеќе насочени на практичниот дел, па така, поделени во две групи, се посветија на по еден предлог-проект. Преку групна работа, отворена дискусија и сугестии за подобрување на подготвителната проектна форма, учесниците успешно го завршија овој дел со запознавање со основниот процес на подготовка на логичка рамка.

Вториот дел од тренинзите, пак, беше посветен на дискусија за претходно сработеното, со можност за донесување на нови идеи кои би помогнале во развојот на предлог-проектите. Во продолжение, учесниците се насочија кон подобрување на логичките рамки, концептите за развој: проверка на логичката врска, очекуваните резултати и активности, рамка на резултати, извори на верификација, процес на мониторинг и евалуционен план. На крај, следуваше завршна дискусија и менторска работа, која продолжи и онлајн, после завршувањето на тренинзите.

 

Двете работни групи продолжија да работат и да ги развиваат своите потенцијални предлог-проекти, со цел да аплицираат и да ги реализираат. Со ова, се подобрија и зајакнаа веќепостоечките знаења на старите членови, а новите волонтери, пак, имаа можност да се запознаат со оваа тематика, да им се разјаснат сите нејаснотии и, секако, да се охрабрат да работат употребувајќи ги новостекнатите знаења и развивајќи свои идејни предлози за проекти кои ќе бидат во насока на остварување на целите и мисијата на ОЖОСВН во иднина.

Оваа активност е дел од проектот „Јаки жени ја јакнат заедницата“ , финансиски поддржан од фондација Kvinna till Kvinna, Шведска.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен